Познатата српска водителка Драгана Катиќ, која на јавната сцена е повеќе од две децении, во една прилика гостувала во емисија каде што си ја отворила душата за своите емотивни и финансиски предизвици, пишува српски „Блиц“.
Иако е позната по професионалните успеси, Драгана ретко зборува за својот приватен живот.
Водителката признала дека поминала низ тежок период кога нејзината мајка се разболела од рак и морала да оди на хемотерапија. За нејзиниот проблем тогаш, знаел само Саша Поповиќ, првиот човек на телевизија „Гранд“.
– Тогаш започнува еден, како што би рекол, кошмар. Тогаш отидов на невропсихијатар, ја раскажав мојата ситуација и дека јас немам време за терапија – изјавила водителката која во текот на емисијата напоменала дека многу се залага за психотерапија и дека смета дека таа на секој човек му е потребна.
– Тоа беа хемотерапии предпладне, попладне снимав две „Гранд шоуа“. Знаеше само Саша Поповиќ – рекла Драгана Катиќ.
Освен емотивни предизвици, Драгана поминала и низ финансиски тешкотии.
– Ние тогаш влеговме во еден период на големи финансиски предизвици и во еден момент на целосна финансиска немоќ. Најтешкиот дел од приказната беше да барам каква било помош. Го однесов златото и го продадов – изјавила тогаш Драгана во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“.