More

    Познатата пејачка откри дека има рак на дојка

    spot_img

    Пејачката и членка на популарниот бенд „Nightwish“ Флор Јансен (41) откри дека боледува од рак на дојка објавувајќи долго писмо кое го сподели со своите обожаватели.

     

    Нејзината објава од Инстаграм во форма на писмо ја пренесуваме во целост:

    „Писмо до тебе,

    Животот доаѓа во бранови, со подеми и падови.

    Имав задоволство да доживеам многу подеми, а ги споделив со вас преку социјалните мрежи и многубројните настапи низ светот во текот на мојата долгогодишна кариера.

    Но, сега ме зафати нов бран. Не е добар. Имам рак на дојка. Ми беше дијагностицирана пред нешто повеќе од 2 недели и утре ќе одам на операција за отстранување на туморот. Мојата прогноза е многу добра! Се чини дека тоа е неагресивен рак кој не се проширил. Нема да морам да ја отстранам дојката. И ќе бидам без рак по оваа операција, плус локалното зрачење кое ќе биде три месеци по оваа операција, се надевам. Ќе знаеме повеќе по операцијата за да видиме дали оваа позитивна прогноза останува.

    Зборот рак е шокантен. Сè што сте сметале за важно во животот пред оваа дијагноза радикално се менува за неколку минути. Сега само сакам да бидам повторно здрава. Сакам да ја видам ќерка ми како расте во жена, сакам да живеам! А најстрашното во оваа дијагноза е што мислев дека сум здрава! Не го почувствував ракот, не знаев дека постои додека јас како жена над 40 години не отидов на стандарден преглед на мамографија. Нешто што многу земји го нудат, дури и бесплатно за некои.

    Да не отидев таму, туморот немаше да биде откриен. За една година од сега ова би можело да стане многу поголемо. Помислата на тоа ме тера да ја споделам оваа приказна со вас. Мамографијата спасува живот! Непријатно е и можеби мислите дека и онака нема да имате ништо во градите, но одете! А за мажите што го читаат ова: потсетете ја вашата жена, девојка, мајка, сестра да се проверат. Дури и без луксузот кој јас како жена од Западот го доживувам со бесплатните мамографски прегледи: оди! За среќа, постојат многу организации кои нудат информации за самооткривање доколку немате пристап или средства да направите мамографија.

    Ако можам да ве охрабрам да се грижите за себе, тогаш нешто добро ќе излезе од оваа дијагноза на рак.

    Ако сѐ оди според планот, ќе бидам подготвена за европската турнеја со „Nightwish“, која ќе започне на 20 ноември! И јас сум оптимист затоа што прогнозите ми се добри! Ветувам дека добро ќе се грижам за себе.

    Ви благодарам што го прочитавте ова писмо“, заклучила Јансен.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img