Познатата актерка повторно уапсена, ја проценуваат нејзината психичка состојба

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американската актерка Аманда Бајнс (37) беше приведена од полициските службеници во Лос Анџелес во саботата на проценка на менталното здравје, пишува ТМЗ.

Поранешната ѕвезда на Никелодеон во април беше ослободена од психијатриско лекување, откако беше приведена затоа што гола талкаше по улиците на Лос Анџелес, а сега дошло до нов инцидент.

Не е познато дали полицијата ја уапсила во нејзиниот дом или пред него, а полицајците за ТМЗ изјавиле дека таа самата им се јавила. Медицинскиот персонал ја пречекал во полициска станица за да процени дали и е потребно понатамошно лекување.

Сведоците рекле дека била мирна во текот на нејзината интеракција со полицајците. Засега не се знае дали е задржана во полициска станица или е испратена во психијатриска установа.

Да потсетиме, исто како и сега, пред неколку месеци актерката сама се јави на бројот за итни случаи додека гола талкаше низ улиците на Лос Анџелес. Аманда потоа беше одведена во блиската полициска станица, каде што тимот за ментално здравје утврди дека треба да биде ставена под психијатриско набљудување.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article