Познатата актерка доживеала хорор на Нова Година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На профилот на Инстаграм на актерката на „Марвел“, Кери Бернас, се објавени фотографии од ужасните повреди кои ги добила кога автомобил удрил во камион со храна покрај кој таа поминувала, а сè се случувало во новогодишната ноќ во близина на Медисон Сквер Гарден во Њујорк. Повредени се девет лица.

Актерката Кери Бернас се шетала со пријателка славејќи ја Новата година, а потоа се случила страшната несреќа. По немилиот инцидент на улицата Западна 34 и Деветта авенија, пријавен е инцидент со голем број жртви. Меѓу повредените има и тројца полицијаци од њујоршката полиција.

Актерката на „Марвел“ се шетала по тротоарот кога автомобил удрил во камионот со храна до кој таа стоела, се онесвестила, а од силината на ударот одлетала под возилото. Таа се здобила со сериозни повреди, вклучувајќи скршени коски и скршени заби, соопшти нејзиното семејство.

Полицијата била повикана на местото на несреќата околу 1:40 часот по локално време, додека толпи луѓе заминувале од блискиот Тајм Сквер откако го гледале спуштањето на топката во чест на дочекот на 2024 година.

Возилото преминало на тротоарот и удрило во цивили и полицајци пред да застане, се наведува во извештајот. Мажот кој бил зад воланот сега е во притвор во болницата Белви. Пријавено е дека полицијата го бркала пред несреќата. Инцидентот започнал кога полицијците дошле да интервенираат поради конфликт чиј учесник се обидел да побегне, пренесува „Њујорк пост“.

Мајката на познатата актерка ги објави деталите на инстаграм-профилот на својата ќерка.

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article