Популарната актерка и манекенка Силвина Луна (43) почина откако „заработи“ бубрежна болест по операцијата бразилски кревање на задникот „glute lift“, потврдија нејзините адвокати.
Таа починала на 31 август, откако 79 дена била во болница поради компликации од операција што ја напаравила во 2011 година.
Нејзиниот брат, Езекиел Луна, во четвртокот напладне им дал дозвола на лекарите да ја симнат од апаратот, објавија локалните медиуми, пренесува британски „Мирор“.
Актерката имала операција во јуни 2011 година и ја извршил естетскиот хирург Анибал Лотоцки. Тој беше обвинет во 2021 година за смрт на ТВ-водителот и моден стручњак Маријано Капрарола, којшто го оперирал во 2010 година.
На Силвини ѝ вбризгал течност што содржи полиметилметакрилат, која е забранета според аргентинскиот закон. Безбојната, пластична материја се користи како замена за стакло во автомобилски делови, леќи, панели и прозорци.
Силвина првпат побарала лекарска помош во 2015 година кога развила камења во бубрезите. Ѝ дијагностицирале хиперкалцемија, па лекарите ја ставале на неделна дијализа до трансплантација на бубрег.
Во текот на 2016 година, во Мајами, аргентинскиот лекар Крицитан Перез ѝ ја отстранил опасната материја од задникот. Потоа изјавил дека Силвина развила автоимуна болест предизвикана од лековите кои ги примала во текот на операциите.
Додека чекала нов бубрег, На Силвини состојбата ѝ се влошила и била хоспитализирана на 13 јуни. Била под седативи речиси две недели, до 29 јуни, кога била ставена на респиратор.
На 19 август болницата објавила дека Силвина дише самостојно. Неодамна се заразила со бактерии и на 30 август повторно била интубирана, а следниот ден ја симнале од апаратите за одржување во живот.
Јавното обвинителство во Буенос Аирес покрена истрага за нејзината смрт, а била наредена и обдукција.
Силвина Луна почина само две недели по смртта на Маријано Капрарола, водител, кој починал како последица на операција во 2010 година, извршена од истиот лекар.
Во февруари 2022 година, д-р Лотоцки бил осуден на четири години затвор по тужба поднесена од актерката и три други жени. Во јули судот пресудил дека му е забрането да се занимава со медицина на пет години. Сепак, тој не е во затвор на издржување на казната.
ФОТО: Инстаграм