Поминаа 5 тешки дена откако Србија ја погоди страшната вест дека во Бањско поле кај Бор е убиена малата Данка Илиќ (2) по која се трагаше 10 дена.
Нејзиното тело, за жал, сѐ уште не е пронајдено.
Еден тивок настан што се случи во меѓувреме ја искомплицира ситуацијата – тоа е ненадејната смрт на братот на еден од двајцата осомничени за убиството на девојчето, кој признал дека му помогнал на својот брат да се ослободи од телото.
Психологот Радмила Вујиќ Бојовиќ објаснува за какви психолошки профили станува збор.
– Многу е тешко од позиција на психолог да се објасни однесувањето на личност која не сте ја запознале. Луѓето размислувале на „тунелски“ начин, не ја гледаат пошироката слика. Не покажаа ни трошка емпатија, го третираа детето како предмет. Тешко е да се ставиш на нивно место. Тоа биле сосема незабележителни ликови, во никој случај не се истакнувале, па нивната патологија експлодираше на некој начин, патологија на личноста, експлодираше на начин во ситуација кога се чувствуваа загрозени – вели Вујиќ Бојовиќ.
Да потсетиме, Дејан Драгијевиќ пред Вишото јавно обвинителство во Зајечар призна дека убил двегодишно девојче, односно дека го удрил со службено возило, по што ја задавил со голи раце.