Познатиот магазин „90 мин“ состави листа на 50 најдобри фудбалери во историјата. Некои имиња може да ве изненадат.
На првото место на оваа листа како најдобар фудбалер во историјата е Лионел Меси, кој до неодамна ја водеше својата Аргентина до третата светска шампионска титула. Според објаснувањето на порталот, капитенот на „гаучосите“ требало да ја освои „божицата“ за да се консолидира на првото место на листата на најдобри фудбалери. Меси шест пати ја освојуваше „Златната топка“, во својата најдобра сезона постигна 91 гол (во 2012 година).
Но, она што до пред само неколку дена го делеше Диего Армандо Марадона од официјално најдобар играч на Светското првенство во Катар беше титулата светски првак, но сега играчот на ПСЖ зад себе остави уште една аргентинска легенда, на второто место. Трет е Пеле, а по него е Франц Бекенбауер, чие присуство на четвртото место е изненадување за некои. Сепак, според „90 мин“ тој е најкомплетниот фудбалер досега, човек кој беше задолжен за речиси сите сегменти од играта.
Тој е еден од двајцата бранители кои ја освоија Златната топка.
На петтата и шестата позиција се Јохан Кројф и Роналдо Назарио. Зинедин Зидан е на седмото место, а под него е Кристијано Роналдо, што сигурно нема да им се допадне на неговите фанови. Едно од најголемите изненадувања според многумина е тоа што Роналдињо е само на 26. место. На списокот на актуелни играчи се и Лука Модриќ (29. место), Луис Суарез (34.), Џанлуиџи Буфон (37.) и Килијан Мбапе (45), кој веќе на 24 години е во друштво на најдобрите.