Познат американски рапер од Хјустон е обвинет за киднапирање на бремена жена што ја држел заробена во гаража повеќе од четири години

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Познат американски рапер од Хјустон е обвинет за киднапирање на бремена жена што ја држел заробена во гаража повеќе од четири години, соопшти полицијата. Раперот Ли Картер (52), чие уметничко име е Вајпер, беше уапсен минатата недела и обвинет за киднапирање.

Полицијата дошла во домот на Картер минатиот април, откако жената испратила порака до 911 и рекла дека Картер ја држи против нејзина волја. Кога стигнале до куќата и ја отвориле вратата од гаражата, нашле импровизиран тоалет во кој немало систем за испирање и душек покриен со свежа повраќаница.

Во гаражата пронашле неухранета жена тешка околу 30 килограми, пелени и чипс. Жената била облечена во валкана облека и на полицијата и рекла дека не се туширала два месеци и дека преживувала од чипс што Картер и го носел повремено.

Таа рекла дека можела да контактира со 911 користејќи апликација за пораки на лаптопот на Картер во еден од ретките случаи кога и дозволил да влезе во куќата за да се измие. Според зборовите на киднапираната жена, Картер ја забележал трудницата пред четири или пет години додека просела на улиците на Хјустон. Раперот се понудил да и помогне, но кога дошла во неговата куќа ја заклучил во гаражата.

Жената во полицијата рекла дека Картер со години ја силувал и ја принудувал да користи нелегални дроги со него. Но, адвокатот на Картер, Џорџ Пауел, тврди дека парот бил во консензуална врска и дека заедно имаат тригодишно дете, пренесуваат американските медиуми.

-Картер и сведоци кои ја познаваа двојката со години ќе презентираат многу докази за неговата невиност и дека тие биле во врска – рече Пауел.

Обвинетиот рапер има издадено неколку албуми и е добро познато име во „клауд рапот“. Неговата најпопуларна песна You’ll Cowards Don’t Even Smoke Crack има 1,6 милиони стримови на Spotify.

Картер, кој беше ослободен со кауција од 100.000 долари во понеделникот, на социјалните мрежи изјави дека е невин.

„Јас сум невин!!! Излегов од затвор!!! Ништо од обвиненијата не направив и ќе бидам ослободен“ – најави тој.

- Advertisement -
Ad image

Џоди Силва, портпаролка на полицијата во Хјустон, изјави за Си-Ен-Ен дека на полицијата и биле потребни речиси девет месеци за да го уапси Картер бидејќи тој не бил дома кога жената ги контактирала во април. Инспекторите потоа издале налог за негово апсење, но било потребно извесно време за да му се најде трага. Силва соопшти дека киднапираната жена тврдела дека постојано го молела Картер да ја ослободи и дека поголемиот дел од времето го поминувала во гаражата. Бидејќи не се туширала, Картер понекогаш ја пуштал да влезе во куќата. Во полиција изјавила дека во такви ситуации се обидела да побегне, но Картер ја фатил и повторно ја заклучил во гаража.

Share This Article