Пожарот во кумановскиот суд не бил подметнат

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Краток спој на електрична инсталација е причина за ланскиот пожар во кумановскиот Суд, соопштија денеска за МИА од Јавното обвинителство. Обвинителството нема основа за постапување, бидејќи е утврдено дека пожарот не е резултат на човечки фактор и не е намерно подметнат.

– Врз основа на целокупниот прибран доказен материјал, видеоснимки и извршени вештачења кои укажуваат дека причина за пожарот во Основниот суд во Куманово е краток спој на електрична инсталација, јавниот обвинител донесе резолуција дека нема основ за јавнообвинителско постапување, бидејќи е утврдено дека пожарот не е резултат на човечки фактор и не е намерно подметнат – информираа од ЈОРСМ.

Пожарот во кумановскиот суд избувна на 11 јули лани во 01.35 часот, беше зафатена просторија со архива. Пожарникарите го гасеа чадот три дена, поради напластената архива и документи од каде постојано чадеше. Во просторијата каде избувна пожарот имаше архива и документи, предмети од 1952 година од 70-тите и 80-тите години од минатиот век.

Увидот го спроведуваше Вишото обвинителство од Скопје за да се одбегне судир на интереси бидејќи кумановското Обвинителство е сместено во иста зграда, ист објект со Основниот суд. Во увидот учествуваа и екипи на од СВР Куманово, кримтехника, инспектор за пожари и вешто лице електроинженер.

Share This Article