Полициски хеликоптер Бел-412ЕП во координација со територијалната противпожарна единица го гасне пожарот во близина на селотто Долгаец во општина Долнени кој сѐ уште е активен.
„Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар кај селото Долгаец, општина Долнени, го упати хеликоптерот Бел-412ЕП и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, локализирани се краците од пожарот во близина на селото.
Но, во другите делови пожарот сѐ уште е активен и се преземаат мерки за негово локализирање. Хеликоптерот Бел-412 ЕП до сега врз пожарот исфрли над 25 тони вода“ – известија од МВР.