More

    Пожарот во Дојран зафатил 3 куќи, депонијата била заклучена за пожарникарите

    spot_img

    Се евакуираат жители на Дојран откако пожарот од депонијата стигна до градот и зафати три куќи.

    Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека засега нема повредени.

    – Во Дојран од огнот се зафатени три куќи. Се врши евакуација. Нема повредени – вели Ангелов.

    Поради непредвиденото движење на огнот се врши итна евакуација на граѓаните.

    Заменик генералниот директор на Национални шуми, Кире Михаилов, на Фејсбук информираше дека пожар избил и кај селото Николиќ во непосредна близина на Дојран.

    „Апелирам за пожарот кој избувна пред малку во близина на Николиќ во општина Дојран експресно да помогнат околните општини како што се Гевгелија, Валандово и Богданци“, напиша тој на Фејсбук.

    Михаилов побара одговорност од градоначалникот на Дојран за пожарот.

    „Итно барам одговорност за градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов затоа што дојранската депонија била заклучена и оставена без чувар, а запалена, и поради тоа екипите на ТППЕ не биле во можност да влезат во депонијата и да го спречат првичниот пожар кој пред малку излегол од депонијата кон м.в. Карабалија, а поради ветрот огнот опасно се доближува кон Стар Дојран и е надвор од контрола“, напиша тој на Фејсбук.

    Според Ангов, се работи за голем пожар кој гори веќе неколку часови и во неговото гаснење покрај месното население учествуваат пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и Струмица.

    – Апелираме за помош од Дирекцијата за заштита за и спасување, бидејќи досега не успеваме да се справиме со огнената стихија која под налетите на силниот ветрот се шири многу бргу. Пожарот најверојатно е подметнат, бидејќи на местото каде што гори пронајдoвме канти од моторно масло – изјави за МИА градоначалникот Анго Ангов.

    Покрај овој пожар, на територијата на Општина Дојран избувна уште еден кај селото Николиќ, кој се префрлил на грчката страна од Дојранското Езеро.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img