Пожар избувна на британскиот носач на авиони „ХМС Кралица Елизабета“ додека бил закотвен во Шкотска. Пожарот избувнал во петокот вечерта додека носачот бил закотвен во Гленмалан, соопшти портпаролот на Кралската морнарица.
– Мал, изолиран пожар на „ХМС Кралицата Елизабета“ беше ставен под контрола за кратко време, а потоа изгаснат – изјави портпаролот.
Пожарот избувнал додека се симнувала муниција од бродот, а предводникот на британската морнарица требало да замине од Гленмол до Росит, каде било планирано да се поправи оската на пропелерот, поради што овој брод вреден 3 милијарди фунти не можел учествуваат во најголемата вежба на НАТО во последните неколку децении – „Непоколеблив бранител“.
Оштетувањето на една од клучните компоненти беше откриено минатиот месец, па беше одлучено на вежбата наместо „Кралицата Елизабета“ да се испрати „ХМС Принцот од Велс“. Меѓутоа, поради истекување гориво, пловидбата и на вториот британски носач на авиони е одложена.
Сепак, ова не е ништо невообичаено, бидејќи од воведувањето во оперативна употреба во 2017 и 2019 година, и двата превозници имаа голем број проблеми, па „Кралицата Елизабета“ во 2019 година од непозната причина остана без погон, а неколку дена потоа таму пукнале цевки, што довело до поплавување на неколку ката од овој брод.
Од друга страна, „Принцот од Велс“ двапати беше поплавен само во 2020 година, во 2022 година имаше сличен проблем со вратилото на пропелерот, а при деветмесечната поправка беше откриена и штета на левата оска.
Двата носачи имаат зафатнина од 65.000 тони и од нив може да полетаат палубни варијанти на повеќенаменскиот борбени авион од петтата генерација Ф-35Б. Проблемот е што Велика Британија нема доволен број од овие авиони способни за полетување на кратки писти и вертикално слетување, за да пополни барем еден носач.
Исто така, ниту еден од овие бродови никогаш не пловел со полн екипаж, ниту пак биле опремени со катапулт за „лансирање“ на постари, но поевтини авиони.
– Да имаш расипан носач на авиони од 3 милијарди фунти е несреќа, но да имаш два расипани носачи е немарност. Тоа е срам за морнарицата. Замислете што ќе се случи овој носач на авиони навистина да заплови во војна!? – изјави поранешниот британски секретар за одбрана Марк Франсоа за Дејли Меил.