Пожарот кој ноќеска ги зафати подрумските простории на Основниот суд во Куманово е локализиран

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пожарот кој ноќеска ги зафати подрумските простории на Основниот суд во Куманово е локализиран, но една екипа е останата на терен.

– Пожарот е локализиран, но има уште една екипа која проверува – велат од кумановската Противпожарна единица.
Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од ТППЕ Куманаво од 01:35 часот интервенирале на опожарени подрумски простории во зградата на Основен суд во Куманово, каде што се наоѓа архива на Судот. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две возила.

Претседателката на судот Снежана Манев вели дека противпожарните екипи сè уште се на терен.

– Според првичните информации зафатена е една просторија каде има стари, завршени предмети. Ќе почекаме да завршат екипите на Противпожарна единица и после увидот на полицијата ќе кажат од што настанал пожарот. Ќе информираме за причините, судот денеска нема да работи. Електричната енергија е исклучена, изјави – претседателката Манев за МИА.

Share This Article