More

    Пожарот кај Василево се шири кон Сушево и Злеово

    spot_img

    Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево сѐ уште е активен, се разгорува и се приближи во непосредна близина на село Сушево, а се шири и кон село Злеово. На терен се екипи на струмичката територијална противпожарна единица, информираат од Центарот за управување со кризи.

    Поради сериозната закана и доближување кон селата во гаснењето на пожарот веќе е вклучен еден полициски хеликоптер.

    Хеликоптерот на МВР „МИ-171“ полни вода од малата брана, ископ за песок до Акумулација „Турија“ и носи брзо вода кон опасниот крак на пожарот што се доближи дој селото Сушево Струмичко. Инаку, полнењето вода и дејствувањето по пожарот храбрите пилоти на МВР го извршуваат во интервал од три до пет минути.

    Утрово од ЦУК информираа дека целосно изгасените се девет пожари на отворено во општините: Гази Баба имало два пожара, кај с.Јурумлери(горело жито) и повторно с.Јурумлери (ѓубре); Карпош, кај с.Злукуќани (ниска вегетација); Кавадарци имало 3 пожари, кајс.Ваташа (ниска вегетација, нискастеблеста шума), покрај ул.Видое Смилевски Бато(ниска вегетација) и покрај ул.Ристо Ѓонев во с.Ваташа(ниска вегетација); Битола, кај училиштето „Тодор Ангелевски“ (ниска вегетација); Охрид, кај месноста „Мауцкер“ (депонија) и во Општина Куманово, кај с.Лопате (горела ниска вегетација).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img