Пожарот кај месноста Ралова Чука, кај селото Очипала на влезот на Делчево, кој денеска попладне избувна, е ставен под контрола. Во акцијата за гаснење учествуваше екипа на Територијалната противпожарна единица од Делчево, која претходно интервенираше во пожар на запален семеен дом на улицата Голачка во Делчево.
Од единицата го повторија апелот во периодот на високи температури секоја евентуална појава на пожар благовремено да биде пријавена до институцијата.