More

    Пожарот кај Богданци опасно блиску до ветерниците

    spot_img

    Околу 500 хектари нискостеблеста шума изгорена е во пожарот кај Богданци, кој избувна денеска околу 11 часот месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, и кој сѐ уште не е изгаснат

    Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, во изјава од местото на пожарот вели дека пожарот сѐ уште не изгаснат и покрај делувањето на двата авиони на ДСЗ и хеликоптерот на МВР, а во гаснењето учествуваат пожарникари од Дојран и Валандово и тим на ДСЗ.

    Градоначалникот на Богданци Блаже Шапов за МИА изјави дека пожарот поминал покрај ветерниците, но не предизвикал штета.

    – Со гаснење ќе продолжиме утре рано, а во текот на ноќта на местото на пожарот ќе останат дежурни екипи. Се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе успееме да го ставиме пожарот под контрола и да га изгаснеме, изјави Шапов.

    Силниот пожар избувна во нискостеблеста шума и сува трева и бргу зафати поголема површина.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img