Пожарот ја „голта“ фабриката Хит-73 во Камењане

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пожарот ја „голта“ фабриката Хит-73 во Камењане, голем чад се издига над селото, а граѓаните само немоќно гледаат додека протипожарните возила реагираат на теренот.

На терен гасат екипи од противпожарната од Тетово, а на помош пристигнале екипи од Гостивар и Квадарци, како и две возила до скопската противпожарна.

Голем густ црн чад се надвиснува над Општина Боговиење откако доцна попладнево избувна пожар во фабриката за производство и пакување на млеко и млечни производи во село Камењане. Се работи за млекарата „Хит 73“ оддалечена на околу 10 километри од центарот на Тетово.

Според информациите од дежурните во Територијалната противпожарна единица во Тетово, пожарот бил пријавен во 18 часот и 20 минути. На гаснење на пожарот заминале целата смена, како и сите пожарникари кои дошле во ноќната смена од 19 часот.

Командирот на ТППЕ Тетово, Авни Амети вели дека пожарот е локализиран и очекува целосно да биде изгаснат за неколку часа.

– Во моментов го локализиравме пожарот, отсековме еден дел од фабриката, сега гори долниот дел од фабриката, поголемиот дел е изгаснат. Спасувавме со багери и слична механизација. Дојдоа пожарникари од други градови, помагаа и локани фирми со цистерни и механизација. Мислам дека целосно ќе биде ликвидиран за неколку часа. Не можам да ви кажам од што избувнал. Штетата е голема, фабриката е со полн капацитет. Фала му на Бога што нема жртви или загрозени – изјави Амети.

- Advertisement -
Ad image

Видеата и фотографиите некои од нив снимани и фотографирани на воздушна линија од околу 8 километри од Тетово говорат за силината на пожарот кој според првичните информации зафатил голем дел од погоните на овој производствен погон.

Share This Article