Пожарникарите интервенирале во текот на ноќта на повеќе локации

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информацијата за состојба со пожарите во изминатото деноноќие наведува дека е изгаснат пожарот во кумановското село Добрача, кој бил предизвикан од удар на гром. Во пожарот изгореле околу 1000 бали сено и овес, а било интервенирано со едно возило и двајца пожарникари.
Со едно возило и тројца пожарникари од 9:00 до 10:00 часот било интервенирано во село Страхојадица, Општина Зелениково, каде била запалена ниска вегетација на површина од 1000 метри квадратни.
– Интервенирано е во гасење на запалено ѓубриште и стари автомобилски гуми на локација кај поранешната депонија Вардариште во Општина Гази Баба. Во интервенцијата вчера, од 11:15 до 14:40 часот, учествувале едно возило и тројца пожарникари – информираат од ЦУК.
Со едно возило и тројца пожарникари, вчера од 13:45 до 16:45 часот, било интервенирано во гасњење на запалена нискостеблеста вегетација во село Градманци, Општина Петровец.
– Во периодот  од 12:48 до 17:00 часот кај село Тројкрсти интервенирано е во гаснење на запален столб од мрежата на ЕВН и дрвените прагови од железничката пруга Прилеп-Битола. Известени биле Македонски железници со сугестија да извршат контрола на местото каде бил пожарот со цел да се утврди состојбата на железничката инфраструктура и безбедноста на сообраќајот. Во интервенцијата учествувале две возила возила и четворица пожарникари – посочуваат од ЦУК.
Со едно возило и тројца пожарникари, вчера од 13:10 до 13:50 часот, интервенирано е во гасењето на запалена сува трева на ул. „ 8-ми Март“ во Охрид.
Изгасната е и запалена сува трева и стрништа покрај патот во село Теарце, вчера од 13:03 до 16:59 часот. Во интервенцијата учествувале едно возило и тројца пожарникари.
Со едно возило возило и шест пожарникари, вчера од 13:54 до 15:40 часот, интервенирано е во гасење на запалена сува трева покрај автопатот Тетово – Скопје.
Синоќа, од 20:20 до 20:50 часот, тројца пожарникари со едно возило интервенирале во гасење на запалено ѓубре на ул.„Ѓорче Петров“, кај Туш маркет во Куманово.
Share This Article