Најмалку седум лица се повредени во пожар во дом за стари лица во Минхен, но нема жртви.
Во пожарот се урнал дел од покривот на домот за стари лица „Винсентиум“, а 60 лица се евакуирани.
Во гаснењето на пожарот се вклучени повеќе од 100 пожарникари, бидејќи еден дел од зградата е од дрво и се стравува дека може целосно да се урне.
Според информациите, пожарот го зафатил делот од објектот во кој биле сместени станарите од домот за стари лица.
Се очекува да бидат потребни уште неколку часа за целосно гаснење на пожарот.