Импресивната флота од 230 класични автомобили беше строго чувана тајна вредна милиони евра скриена во магацини и напуштена црква.
Автомобилите му припаѓале на претприемачот од Дордрехт, Адо Палмен, кој почнал да собира автомобили пред 40 години. Меѓутоа, поради неговата многу лоша здравствена состојба, неодамна ги продаде своите лимени миленици на галеријата за класични автомобили Aaldering за непозната сума.
Колекцијата е откриена случајно, имено, колекција која вклучува бел кабриолет Мерцедес 300С, сино Ферари 365 и скромно Алфа Ромео Спајдер, тоа беше строго чувана тајна додека не избувна пожарот.
За среќа, брзата интервенција на пожарникарите го спречила огнот да се прошири на автомобилите, пишува CNN.
Палмен живеел во магацин, без луксуз, а автомобилите биле негова голема страст.
Колекцијата „Palmen Barnfind“ ќе биде пуштена во продажба во Холандија од 19 мај како дел од аукцијата организирана од галеријата Aaldering и Classic Car Auctions.
„Многу автомобили од Maseratis, Jaguars, Aston Martins, BMW, Facel Vega, се во беспрекорна состојба и исклучително разновидни. Палмен не беше фокусиран само на една марка и не собираше само скапи и ексклузивни автомобили, туку ги купуваше оние за кои мислеше дека се посебни“, изјави Карло Те Линтело, маркетинг менаџер на Galeria Aaderling’s.Во колекцијата е и Lancia B4 Spider America, која ќе се продава од 600.000 до 700.000 евра. Се работи за многу редок автомобил, направени се само неколку, а во совршена состојба може да достигне цена и до еден милион евра.„Оваа колекција е единствена можност за колекционерите да ја прошират својата колекција и со нетрпение очекуваме да видиме колкав интерес ќе има за оваа единствена колекција“, велат организаторите на аукцијата.