Во зградата на главната дирекција на руското Министерство за внатрешни работи во Москва денеска избувна пожар, изјави за ТАСС извор од безбедносните служби.
– Пожарот изби на третиот кат во Министерството, на улица Петровка бр. 38, петта зграда – вели изворот.
Над зградата се издигнал густ чад, а според првичните информации пожарот зафатил градежни материјали лоцирани во канцеларијата на третиот кат.
Засега нема информации за повредени или за големината на материјалната штета, пренесува ТАСС.