Голем пожар денеска изби во фабрика за преработка на хемиски растворувачи во градот Новара на северот на Италија.
Локалните власти им забранија на граѓаните да не отвораат прозорци и да не ги напуштаат домовите доколку тоа е неопходно, а на училиштата кои имаа настава да не ги отвораат прозорците.
Станува збор за фабрика на хемиската компанија „Ками“.
По неколку часа борба, пожарникарите успеаја да го изгаснат огнот, а италијанските медиуми објавија дека голем црн облак се движи во правец кон Ломбардија.
Според очевидци, се слушнале и експлозии, а целата индустриска зона била евакуирана.
Засега нема информации дали има загинати или повредени лица.
Во продолжение, погледнете го видеото: