Според руското Министерство за вонредни ситуации, пожар избувнал во зградата на хируршкиот центар во московски Камовники.
Пожарот избувнал околу 4 часот наутро, а десетици биле спасени.
„Утврдено е дека има пожар на 11 кат, со вкупна површина од околу 60 метри квадратни. Благодарение на координираните акции на противпожарно-спасувачките единици, пожарот е целосно изгаснат во 04:42 часот“, изјавил извор од министерството за руската државна новинска агенција РИА Новости.
Се наведува дека се спасени вкупно 30 лица, а 10 од нив се евакуирани. Нема информации за жртви.