Пожар избувна денеска во резиденцијата на хрватскиот амбасадор во белградската населба Сењак, јави Хина.
Во моментот на пожарот немало никој во резиденцијата, а соседите пријавиле чад од таванот, рекле од амбасадата.
Амбасадорот Хидајет Бишчевиќ потврди дека во резиденцијата во моментот на пожарот немало никој.
Фото: МИА