Повторно паѓаат цените на горивата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дизелот и бензините од полноќ ќе се продаваат по уште пониски цени, објави Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комсиија за енергетика.

Цената на дизелот се намалува за 1,5 денари, а поевтинувањето на Еуросупер 98 и Еуросупер 95 ќе биде за 1,5, односно за 1 денар. Со новите цени дизелот треба да биде 78 денари, а бензините 78 и 76,5 денари од утре.

Цената на дизелот и другите горива во малопродажба е намалена за речиси 30 отсто во последните неколку недели. Дизелот, кој се користи во транспортот и има големо влијание при формирање на цените во малопродажба, во јуни беше 110 денари, а денеска е 79,5 денари.

Share This Article