Украинската престолнина Киев ноќе повторно беше цел на руски воздушни напади. „Со овие континуирани напади, непријателот се обидува да го задржи цивилното население во состојба на длабока психолошка напнатост“, смета цивилната и воената управа на Киев.
Украинските системи за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле повеќе од 40 беспилотни летала и крстаречки ракети, но нема жртви, јави француската новинска агенција АФП, соопштија локалните власти.
„Нашата воздушна одбрана откри и уништи повеќе од 40 цели. Нападите на Киев се одбиени“, соопшти цивилната и воената управа на Киев. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека нападите не резултирале со смртни или повредени.
Тоа е петнаесетти напад врз украинската престолнина од почетокот на мај, а е извршен со маневарски ракети лансирани од стратешки бомбардери и беспилотни летала ТУ-95МС, објави на Телеграма цивилната и воената управа на Киев.
Како што додаде таа, „со овие континуирани напади непријателот се обидува да го задржи цивилното население во состојба на длабока психолошка напнатост“.
Русија во неделата навечер го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Киев од почетокот на инвазијата на Украина. Четириесет од 54-те лансирани беспилотни летала беа насочени кон главниот град на Украина, при што загинаа две лица, а тројца беа повредени.