Повторно нестабилно време проследено со грмежи и ветер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претпладне денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град.

Утринските температури ќе бидат од 8 до 16 Целзиусови степени, а дневните од 18 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

В понеделник претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за изолирана појава на град. Минималните температури ќе бидат од 8 до 15, a максималните во интервал од 21 до 28 степени.

Претпладне в вторник ќе биде сончево со умерена облачност и со повремен краткотраен дожд. Попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за изолирана појава на град. Утринските температури ќе бидат од 9 до 15 Целзиусови степени, а дневните од 21 до 27.

Share This Article