Повторно исклучен блокот 1 во РЕК Битола

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради интервенции во цевкодниот систем на постројката, сервисни и ремонтни активности на млинските кола и нега на постројките во машинската сала на блокот, информираа од ЕСМ.

Се очекува блокот да биде ставен во функција во следните 24 до 48 часа.

„Потсетуваме дека поради енергетската криза во која се наоѓа земјата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на блоковите не се изведуваат како што вообичаено тоа се прави, со застои на производствениот процес на блок во период од 60 до 90 дена. Сите неопходни зафати во овој период се прават кога се апсолутно неопходни или кога ќе се укаже можност за тоа“, се наведува во соопштението.

Блок 2 и Блок 3 на РЕК Битола во моментов работат без проблеми. Ремонтни активности на Блок 2 се предвидени за следната недела.

Од ЕСМ тврдат дека производството ги задоволува потребите за електрична енергија на конзумот со производство од останатите свои капацитетите. Увоз на електрична енергија нема.

Share This Article