Повторно има дојави за поставени бомби во скопските училишта, а ова е прв пат откако започна второто полугодие, појава што често се случуваше во текот на првото полугодие од оваа учебна година.
Според информациите на Независен, евакуирани се гимназијата „Орце Николов“, како и „Владо Тасевски“, според ученици и вработни во овие училишта.
Полицијата е на терен, ги евакуира учениците и вработените и ги проверува објектите за евентуално подметнат експлозив.
Очекуваме официјална потврда од МВР дали и во кои скопски училишта денеска имало дојава за поставени експлозивни направи.