Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, соопшти дека на штркот кој беше згрижен во ТППЕ-Кавадарци му зараснале повредите и е пуштен на слобода.
„По едномесечна грижа од страна на пожарникарите на Територијална против пожарна единица- Кавадарци, гипсот на штркот кој беше повреден е изваден и штркот е пуштен на слобода. Благодарение и до д-р Сашко од ветеринарната амбуланта Каспер за пружената лекарска помош“, објави Јанчев на Фејсбук.