Тројца пожарникари се повредени при интервенција на пожар на кров од куќа во струшкото село Радожда, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица во Струга, Фети Мазари.
Според него, пожарот бил пријавен синоќа во 23 часот и 30 минути, по што интервенирале шестмина пожарникари.
– Пожарникарите се во добра здравствена состојба, а пожарот е целосно изгаснат – изјави Мазари.
– При интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга, со повреди од струен удар се здобиле тројца пожарникари кои го гаснеле пожарот. Тие се пренесени во Општата болница во Струга каде им биле констатирани телесни повреди по што, биле пуштени на домашно лекување – појасни портпаролот Стефан Димоски.
Се работи на расчистување на случајот.
фото: МИА