Повици до Арсовска да се вразуми

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Стефан Андоновски, член во Советот на Град Скопје и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ја повика градоначалничката Данела Арсовска да ја запре постапката за отпуштање на стотина вработени во Водовод и канализација и да заборави на реваншизмот.

– Гласно алармираме дека Градот не смее вака да се води. Данела Арсовска нека се вразуми, и во духот на успешен менаџер за каков што се претставуваше нека се воздржи од вакви нагли и непромислени потези. Луѓето заслужуваат да си ја задржат работата која си ја вршат со посветеност и чесност. Градоначалник, запрете ја постапката. Заборавете на реваншизам кон недолжни работници. Посветете се на реализација на проектите – рече Андоновски.

Тој предупредува дека во време на најголема криза во најава, од работа се планира да се избркаат 100 работници од ова јавно претпријатие, без објаснување каде тие луѓе згрешиле и без замерки за нивната работа.

Андоновски наведува дека во периодот од 05.07.22 до 07.07.22 во ова јавно претпријатие бил извршен инспекциски надзор од Државниот инспекторат на труд, за кој има записник, дека сѐ во врска со работните односи е кристално чисто и дека Водовод е институција каде сите влезови и излези се евидентирани на електронски систем, како и со потпишани пропусници и за службен и за приватен излез на вработените.

– По агресивниот настап на градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска и противправното разрешување на директорот на ЈП Водовод, Златко Перински, градоначалничката Арсовска прави уште еден непромислен, избрзан и нечовечки упад. Во нејзин стил, како познатата порака која кружи низ градот Скопје „од утре да го нема, градоначалникот најави прекин на договорите за работен ангажман на околу 100 вработени во Градот Скопје односно во ЈП Водовод. Од работен ангажман се бркаат луѓе кои својата работа ја вршат повеќе месеци, а некои од нив и со повеќе години. На ова непромислено, избрзано, импулсивно и неаргументирано однесување на Арсовска реагираат и бројните синдикати на вработените во претпријатието – додаде советникот од ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје, Андоновски.

Share This Article