Повеќе пари за 4 мерки во земјоделието

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Четири мерки во земјоделието кои се финансираат со европски пари ќе добијат повеќе средства во наредниот период преку ИПАРД 3 Програмата. По акредитацијата на земјава за оваа Програма деновиве се очекува да биде потпишана и финансиската спогодба. Во неа ќе се знае колкав ќе биде буџетот за земјава по години и по мерки.

Ова го соопшти денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој информира дека веднаш по потпишување на спогодбата ќе биде распишан и јавен повик.
– Во петокот од Брисел добивме официјално одобрување (акредитација) да продолжиме понатаму со четирите мерки во рамки на ИПАРД 3, кои претходно ги реализиравме во ИПАРД 2 програмата, без тешки административни процедури. Ова е уште една потврда дека без разлика на истрагите кои ги води ОЛАФ, Северна Македонија доби одобрување од Брисел да продолжи понатаму со истото темпо. Останува уште Брисел да ни ја испрати финансиската спогодба во која ќе биде точно наведен буџетот по години и мерки, која треба да ја потпише вицепремиерот Бојан Маричиќ и веднаш потоа ќе го објавиме првиот јавен повик за ИПАРД 3 програмата, со што и официјално први во регионот започнуваме со реализација на новиот програмски период од ИПАРД 3 – изјави Николовски пред денешното доделувањето на договорите за поддршка на малите дестилерии.

Николовски информира дека буџетот на ИПАРД 3 е 62% поголем од ИПАРД 2.

Share This Article