Повеќе од половина е исплата за стари субвенции

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во последниве шест месеци се исплатени околу 70 милиони евра, рекорден број на финансиски средства за земјоделците, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, колку пари беа исплатени од Буџетот за субвенции на земјоделците.

-За земјоделците изминатата година се исплатени рекорден број на финансиски средства. Само  во последните 6 месеци, мислам дека таа бројка е отприлика 4,3 милијарди денари, околу 70  милиони евра. Од тие некаде околу 2,5 милијарди денари се долгови од минатото, што не се дел од оваа тековна фискална година и мислам дека на тој начин се покажува дека се можело и да се вратат старите долгови, ако се работи домаќински, чесно, посветено и одговорно. Долгови се наталожување, затоа што не се работело домаќински, чесно и одговорно. Така и ќе продолжиме и во годините коишто се пред нас и мораме да покажеме дека можело поинаку од тоа што беше како досега принципот – рече Мицкоски.

Share This Article