More

    Повеќе од 700 руски војници биле убиени во еден ден во тешки битки во регионот Доњецк

    spot_img

    Повеќе од 700 руски војници биле убиени во еден ден во тешки битки во регионот Доњецк, објавија украинската војска. Се вели дека „најголемите загуби“ се во близина на градот Авдиивка и во Бахмут, за кој руските сили се борат да го освојат со месеци. Истовремено, Русите се жалат дека биле протерани од градот Снихуривка, потврдуваат прорускиот градоначалник, но и лидерот на Херсон, Кирил Стремусов, пишува Њузвик.

    Жестоки борби се водат на југот на Украина. Прорускиот градоначалник на Снихуривка, град источно од Николаев  изјави за руската новинска агенција РИА дека граѓаните виделе тенкови, додавајќи дека се водат жестоки борби , пренесува Ројтерс.

     

     

    – Тие се јавија во текот на денот и рекоа дека виделе движење на тенкови. Според граѓаните, на работ на градот се водат тешки борби – рече прорускиот градоначалник на Снихуривка Јуриј Барбашов и додаде дека „луѓето го виделе движењето на воени возила на улиците и во центарот на градот“.

    Виталиј Ким, украинскиот гувернер на Николаевската област, цитираше разговор меѓу руски војници кои ги пресретнале украинските сили, сугерирајќи дека Украинците веќе ги истуркале Русите од областа Снихуривка.

    – Руските војници се жалат дека веќе се избркани – рече Ким за ситуацијата во Снихурвка. Жестоки борби се водат на југот на Украина!

    Дека Укранците се обиделе да се пробијат кај Снихуривка и уште три места потврди и Кирил Стремусов, прорускиот лидер на соседната окупирана област Херсон, на својот канал на Телеграм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img