Повеќе од 7.000 цивили загинале во Украина од почетокот на војната минатиот февруари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Повеќе од 7.000 цивили загинале во Украина од почетокот на војната минатиот февруари, соопшти Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права.

Во соопштението се посочува дека повеќето регистрирани цивилни жртви настрадале при употребата на експлозивно оружје способно да зафати широка област, вклучувајќи тешко артилериско гранатирање, повеќе ракетни системи и воздушни напади.

Канцеларијата за права на ОН соопшти дека потврдила 7.031 цивилна смрт, но верува дека реалниот број на жртви е „значително поголем” со оглед на потребата да се потврдат многу извештаи и да се пристапи до областите на интензивни борби.

Повеќето од регистрираните цивилни смртни случаи се случиле во областите под контрола на Владата во Украина – 6.536 споредено со 495 регистрирани во областите контролирани од руските сили. Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права не припиша одговорност за смртните случаи.

Украина вели дека бројот на убиени цивили може да достигне десетици илјади. Двете страни негираат дека цел им биле цивили.

Share This Article