Повеќе од 60 милиони Американци ја искористија можноста да гласаат предвреме и да го дадат својот глас на претседателските избори во САД, што ќе се одржат на 5 ноември.
Според Лабораторијата за гласачки права на Универзитетот во Флорида, на пет дена пред изборите, гласале 60,9 милиони гласачи.
Од тој број, нешто повеќе од 32 милиони гласале лично на избирачкото место, а околу 28 милиони гласале по пошта, пишува Гардијан.
Освен за претседателските избори, граѓаните на САД гласаат и за Конгресот, а ќе избираат и третина од претставниците во Сенатот.
Претседателски кандидати се Доналд Трамп за републиканската партија и Камала Харис за Демократската партија.