Повеќе од 30 земјотреси со послаб интензитет се регистрирани во Херцеговина во текот на ноќта, почина 28-годишна девојка, врз глава ѝ паднале камења од куќата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Почина една 28-годишна девојка од Столац во Херцеговина, таа во тешка состојба со возило на Брза помош била пренесена во болницата во Мостар, има и други повредени од земјотресот, јавуваат медиумите во Босна и Херцеговина.

Според медиумите, врз главата на девојката се урнале камења врз куќата, а нејзините родители се здобиле со лесни телесни повреди.

Повеќе од 30 земјотреси со послаб интензитет се регистрирани во Херцеговина во текот на ноќта, покажаа податоците на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија кои ги пренесува Кликс.ба.

Најсилниот бил утрово во 4:20 часот, кој бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала. Во 2:59 часот бил 4,3 степени, во 2:02 бил 2,6 степени, а во 1:55 бил 2,9 степени според Рихтеровата скала.

Епицентрите на сите земјотреси биле кај Столац.

 

Share This Article