More

    Повеќе од 30 луѓе сакаат да се кандидираат против Путин на изборите: „Кампањата ќе биде конкурентна“

    spot_img

    Над 30 лица се заинтересирани да учествуваат на претседателските избори во Русија, изјави претседателот на Централната изборна комисија за државната новинска агенција ТАСС.

    Над 30 лица се заинтересирани да учествуваат на претседателските избори во Русија, изјави претседателот на Централната изборна комисија за државната новинска агенција ТАСС.

    „Секако дека кампањата ќе биде конкурентна, бидејќи е очигледно дека ќе има повеќе од еден кандидат. Во секој случај, сега веќе има повеќе од 30 луѓе кои сакаат да станат кандидати“, изјави Ела Памфилова за ТАСС.

    Поранешната телевизиска новинарка Екатарина Дунцова беше спречена да се кандидира против рускиот претседател Владимир Путин на изборите следниот март поради „грешки“ во барањето за кандидатура, објави нејзиниот изборен штаб пред три дена на комуникациската платформа „Телеграм“.

    Одлуката е донесена само три дена откако 40-годишната Дунцова поднела барање до изборната комисија да биде регистрирана како кандидат. Таа имала намера да се кандидира со програма која вклучувала ставање крај на војната во Украина и ослободување политички затвореници. Критичарите сметаат дека изборите се лажни процес со само еден можен исход. Кремљ тврди дека Путин ќе победи бидејќи ужива вистинска поддршка во општеството, која според анкетите е околу 80 проценти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img