More

    Повеќе од 3.000 работници во 70 компании во Велика Британија од денеска се вклучени во експериментот на четиридневната недела со целосна плата

    spot_img

    Повеќе од 3.000 работници во 70 компании во Велика Британија од денеска се вклучени во експериментот на четиридневната недела со целосна плата. Овој експеримент треба да покаже дали со пократка недела ќе се надмине проблемот зо недостиг на работници и како ќе се одрази на продуктивноста на работниците.

    Во програмата која е координирана од кампањата 4 Day Week Global се вклучени и научници од Оксфорд, Кембриџ и Бостонскиот колеџ во САД.
    Планирано е работниците кои се вклучени во програмата да добиваат 100 отсто од платата за 80 отсто од работното време, но ќе треба да произведат 100 отсто од вообичаеното производство.

    Меѓу компаниите кои се вклучени во прогрмата се лондонска пиварница Pressure Drop, производителот на компјутерски игри Yo Telecom од Саутемптон, компанија за медицински уреди во Манчестер и продавница за риба и помфрит во Норфолк. Во проектот се вклучени и добротворни друштва и британското Кралско биолошко друштво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img