More

    Повеќе од 28.000 луѓе загинаа во земјотресот, ОН стравуваат дека има двојно повеќе

    spot_img

    Повеќе од 28.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија, а официјален претставник на Обединетите нации (ОН) рече дека конечниот биланс на катастрофата може да има двојно повеќе жртви. Десетици илјади спасувачи ги пребаруваат урнатините на екстремен студ, што ја усложнува ситуацијата по двата силни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтер, кои ги погодија Турција и Сирија пред една недела. Според последните податоци, во Турција загинале 24.617 лица, а во Сирија 3.574.

    Девојче и момче беа спасени повеќе од 150 часа по земјотресот

    Мало девојче било спасено од урнатините на зграда во провинцијата Хатај, дури 150 часа по земјотресот што во понеделникот го погоди јужниот дел на Турција, јавува Анадолија.

    Во градот Адијамау, дури 152 часа по земјотресот, седумгодишно момче е спасено од урнатините на зградата.

    Од истиот град доаѓа вест дека и 22-годишна девојка била извлечена жива од урнатините, по осумчасовна спасувачка операција и 152 часа по земјотресот што го погоди југот на Турција.

    ОН: Бројот на жртви може да биде повеќе од 50.000
    Шефот на агенцијата на ОН за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, вчера беше во турскиот град Кахраманмарас, епицентарот на земјотресот со јачина од 7,8 степени.

    „Мислам дека е тешко да се процени конечниот број на загинати бидејќи треба да поминете низ урнатините, но сигурен сум дека ќе биде двојно“, изјави Грифитс за Sky News.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img