Повеќе од 27 тони експлозивни хемикалии се водат за исчезнати во САД

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
BELLEVUE, IOWA - MAY 01: A train travels along tracks surrounded by floodwater from the Mississippi River on May 01, 2023 near Bellevue, Iowa. Although the Mississippi River crested in the area on Saturday, according to the National Weather Service, the River at Bellevue is not expected to drop below major flood stage until next weekend. Scott Olson/Getty Images/AFP (Photo by SCOTT OLSON / GETTY IMAGES NORTH AMERICA / Getty Images via AFP)

Вагон со амониум нитрат ја напушти фабриката на производителот на експлозиви Дино Нобел во Шајен, Вајоминг, на 12 април, според извештајот за инцидентот поднесен на 10 мај од претставник на компанијата до Националниот центар за одговор, пренесува NBC News.

Во извештајот се вели дека хемикалијата исчезнала од „непозната причина“ и била откриена откако возот пристигнал во Солтдејл, Калифорнија, на повеќе од 1.600 километри од Шајен.

Во тоа време вагонот бил празен и се враќал во Вајоминг, велат од компанијата, пренесува NBC News.

Колку е опасен амониум нитратот покажува фактот дека најмалку 581 лице загинаа во 1947 година кога повеќе од 2.000 тони хемикалија експлодираа на товарен брод закотвен во пристаништето Тексас Сити, Тексас. Истата година, норвешки брод со околу 3.000 тони амониум нитрат експлодираше во Брест, Франција, при што загинаа 29 луѓе.

Истата беше искористена и во бомбашкиот напад во кампусот на Универзитетот во Висконсин-Медисон во 1970 година, во кој загина едно лице, и во бомбашкиот напад во Оклахома Сити во 1995 година, во кој загинаа 168 луѓе.

Во 2013 година, амониум нитрат беше причина за експлозија во фабрика за вештачко ѓубриво во Вест, Тексас, во која загинаа 15 луѓе, 200 беа повредени и уништени стотици домови. Федералните власти подоцна утврдија дека експлозијата е резултат на криминално дело.

Најголемата експлозија која беше директна последица на амониум нитрат се случи во 2020 година во Бејрут, Либан. Во експлозијата на повеќе од 2.700 тони амониум нитрат, загинаа повеќе од 200 луѓе, а илјадници беа повредени.

Share This Article