Околу 22.000 луѓе денеска и покрај дождот се собраа на улиците на Париз, оддавајќи му почит на антифашистичкиот активист убиен пред десет години, но и за поддршка на Палестинците и членовите на племето Канак од Нова Каледонија.
Насобраните чекореа зад транспарентот „За Клеман ја продолжуваме борбата“.
Клеман Мерик (18) почина на 5 јуни 2013 година во Париз, по напад на ултрадесничарски групи.
Секоја година, антифашистичките групи му оддаваат почит и го осудуваат подемот на крајната десница.
На тој митинг оваа година се приклучија и пропалестински активисти, кои ги осудуваат израелските напади на Појасот Газа, како и сепаратистичките поддржувачи на Нова Каледонија, француска територија во јужниот дел на Пацификот, која неодамна беше сцена на немири.
Насобраните носеа плакати со натписи „Слободна Палестина“, „Стоп за геноцидот“ и „Расистичките колонијални активисти ја убиваат младината од Канак“.
Илјадници луѓе секојдневно демонстрираат во Франција за поддршка на населението во Газа, под бомбите на израелската армија.