More

    Повеќе од 21.000 загинати во земјотресот во Туркије и во Сирија

    spot_img

    Повеќе од  21.000 загинати и најмалку 78.124 повредени е новиот биланс на жртви од разорниот земјотрес што во понеделникот ги погодија Туркије и Сирија, соопштија денеска локалните власти.

    Спасувачите водат битка со времето за да извлечат преживеани од урнатините, а дополнителна опасност претставуваат ниските зимски температури.

    Властите соопштија дека околу 6.500 згради се урнале во Туркије, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, каде живеат околу 13 милиони луѓе.

    Можеби до 23 милиони луѓе се погодени, вклучително и 5 милиони луѓе од ранливи групи, според Светската здравствена организација (СЗО), која стравува од голема здравствена криза, особено поради ширењето на колера во Сирија. Стотици илјади луѓе останаа без покрив над главата.

    Експерт за земјотреси Овгун Ахмет Ерџан проценува дека под урнатините би можеле да останат заробени 180.000 или повеќе луѓе, од кои речиси сите се најверојатно мртви!

    И додека во Туркије со денови пристигнува поддршка од сите делови на светот, првиот конвој со хуманитарна помош на Обединетите нации (ОН) дури вчера пристигна во Сирија. Шест камиони на ОН ја преминаа турско-сириската граница, на тлото на северозападна Сирија. По четири дена Западот сепак реши да ги укине санкциите, па прва помош добија повеќе од 4 милиони луѓе.

    Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен, вчера изјави дека на Сиријците погодени од земјотресот им е потребна апсолутно сета помош што можат да ја добијат. Турски претставник изјави дека граничниот премин Баб ал Хава е отворен за хуманитарна помош и дека властите ќе отворат уште неколку премини по два дена. Овој граничен премин беше спорен бидејќи се наоѓа во зоната на конфликтот, а од земјотресот беа оштетени и влезовите во Сирија од оваа страна.

    – Имаме големи потешкотии во снабдувањето со вода, гориво, струја. Ние сме во голема опасност која може да им наштети на луѓето повеќе од првата катастрофа доколку не реагираме со ист интензитет како што реагираме на полето на потрагата и спасувањето. Нашиот фокус мора да биде да се погрижиме луѓето да останат живи и да имаат се што им треба – предупреди Холден.

    Амбасадорот на Туркије во Србија Хами Аксој изјави дека на Туркије во моментов ѝтреба најмногу работи што се користат во зимски услови – шатори, ќебиња, чизми, џемпери, но и грејни тела, греалки, агрегати. Тој рече дека списоците со тие потреби се објавени на социјалните мрежи на амбасадите и дека секој што сака да помогне може да ги погледне.

    Ужасните слики продолжуваат да ги опседнуваат сите што гледаат снимки од Турција и Сирија. Армијата спасувачи деноноќно се бори да најде преживеани во урнатите згради без да ја изгуби надежта дека ќе најде некој жив меѓу купот мртви тела. Илјадници мртви тела се наредени во црни вреќи. Ситуациите во кои пожарникарите по 70, 80 часа од првичниот земјотрес успеваат да спасат затрупани луѓе низ градовите, па дури и цели семејства, на многумина им дава надеж дека сè не е изгубено.

    Сè уште не се смирува теренот во Турција и Сирија. Се тресат некои згради кои за чудо останаа во едно парче, поради што на граѓаните им се препорачува да не се задржуваат во нив поради страв од нов колапс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img