More

    Повеќе од 200 милиони христијани го празнуваат христовото раѓање

    spot_img

    Божик според јулијанскиот календар, кој се слави на 7 јануари, го слават повеќе од 200 милиони христијани од православна вероисповед. Иако во источна Европа има голем број православни христијани, прославата и божиќните литургии се слават насекаде низ светот.

    Начинот на празнување и обичаите се различни речиси во секоја земја, а еве како се слави Божик во некои земји.

    Грчкиот православен патријарх Ерусалимски Теофил Трети ја отслужи Божикната литургија во Витлеем во црквата Рождество Христово, на Западниот Брег, каде Божик се слави според источниот календар.

    Во знак на солидарност со жителите на Појасот Газа, православните христијани во Израел и Палестина го дочекуваат Божик без прослава и исклучиво со верски церемонии.

    Божик го прославија и православните верници во Доњецк под контрола на Русија.

    – И покрај сите тешки настани во нашиот роден град, ние сме во нашите срца со верба во сегашноста и добрата иднина. Со верба во Русија. Со верба во нашата победа – изјави Ејена Анохина од Доњецк.

    И покрај официјалната транзиција на Украина на прославата на Божик на 25 декември, верниците на Украинската православна црква денеска традиционално одржаа богослужба во киевската црква. Нивните желби се поврзани и со војната што беснее во нивната земја.

    – Победа, секако победа на Украина во оваа војна. И мир, луѓето да живеат мирно и да создаваат нови работи – вели Андреј Кохурт од Украина.

    Во црквата Христос Спас во Москва се одржа Божикна литургија на која служеше рускиот патријарх Кирил, а присуствуваше и претседателот на Русија Владимир Путин.

    Тој вети дека државата ќе ги поддржи војниците кои ги бранат интересите на Русија.

    – Знаете дека многу наши храбри, херојски момци, руски воини и сега, на овој празник, со оружје во рака ги бранат интересите на нашата земја. Затоа, најпрво би сакал да им честитам заедно со вас, од овде – изјави рускиот претседател Владимир Путин.

    Божик според стариот календар го слават и христијаните во Грузија, Етиопија, Ерменија и египетските Копти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img