Повеќе од 100 жртви во две експлозии во Иран

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бројот на жртвите во двете експлозии што се случија денеска во близина на гробот на иранскиот генерал Касем Сулејмани достигна 103, јавија светските агенции. Терористичките напади се случија на денот кога се одбележуваат четири години од ликвидирањето на генералот, кој беше задолжен за сите ирански воени операции на Блискиот Исток.

Сулејмани убиен во напад на американско беспилотно летало на аеродромот во Багдад.

Претходно, Бабак Ектапараст, официјален претставник на иранските спасувачки служби во провинцијата Керман, извести дека експлозиите се должат на терористички напади и во нив загинале 73 лица, а 170 се повредени.

Експлозиите се случија во близина на џамијата Сахеб ал Заман во јужниот ирански град Керман, каде што се наоѓа гробот на Сулејмани. Двете експлозии се случија на неколку минути една од друга. Претставник на властите на градот Керман соопшти дека се работи за терористички чин.

 

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, кои може да се покажат како најтешки во историјата на земјата.

Иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди изјави дека безбедносните сили ќе одговорат „брзо и цврсто“ на двата бомбашки напади во кои загинаа повеќе од 100 луѓе, јави ДПА.

-Нашите полициски сили се будни и ќе ги изведат пред лицето на правдата оние кои го извршија ова злосторство – вети тој на државната телевизија.

Иран го прогласи утрешниот ден за ден на жалост по двете експлозии.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article