Повеќе од 100.000 луѓе излегоа на улица да бараат оставки

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Над 100.000 лица протестираа во саботата вечерта во Валенсија, на истокот на Шпанија, поради бавната реакција на регионалните власти за време на разорните поплави во кои загинаа повеќе од 220 лица, а на крајот од протестот дојде и до судири со полицијата, јавиваат шпанските медиуми.

Шпанската агенција Ефе, повикувајќи се на владини официјални извори, објави дека на протестот по улиците на Валенсија синоќа излегле 130.000 лица, обвинувајќи ги локалните власти дека предоцна издале предупредувања за поплави.

Би-Би-Си потврди дека на крајот од протестот гневните демонстранти се судрија со полицијата.

 

Демонстрантите се собраа синоќа во центарот на Валенсија барајќи оставка од лидерот на регионалната влада Карлос Месон, извикувајќи „Убијци“, јавија британските медиуми.

„Нашите раце се извалкани со кал, вашите со крв“, пишуваше на еден од транспарентите, а демонстрантите ги извикуваа тие зборови.

Дел од нив во знак на протест фрлаа калливи чизми пред општинската зграда.

Жителите на погодените области го обвинуваат Месон дека го издал предупредувањето предоцна – во 20:00 часот на 29 октомври, откако водата веќе поплавила многу околни градови и села.

Месон рече дека предупредувањето би го издал порано доколку телото задолжено за следење на водите навреме ги известило властите за сериозноста на ситуацијата.

- Advertisement -
Ad image

Најмалку 223 лица загинаа во поплавите, а речиси 80 лица се уште се водат како исчезнати во најсмртоносните поплави во една европска земја од поплавите во Португалија во 1967 година, кога загинаа околу 500 лица.

FOTO: EPA Biel Alino

Share This Article