More

    Повеќе од 1.000 патници од два траекти неколку часа беа заглавени во морскиот дел во близина на атинското пристаниште Рафина

    spot_img

    Повеќе од 1.000 патници од два траекти неколку часа беа заглавени во морскиот дел во близина на атинското пристаниште Рафина, откако рано утрово поради силниот ветер се заплеткаа сидрата на три траекти при отпловувањето кон грчките острови, јави дописничката на МИА од Атина.

    Откако биле отплеткани сидрата, еден од траектите без проблеми го продолжил патувањето кон Андрос, Тинос и Миконос, меѓутоа останатите два претрпеле дефекти и останале во морскиот дел.
    Едниот траект со 734 патници има дефект на моторот и очекува реморкери за да го извлечат до пристаништето во Рафина, додека пак другиот, со 391 патник останал без едно од двете сидра и со намалена брзина плови кон пристаништето во Лаврио.

    Според грчките медиуми, се очекува патниците од двата брода, да бидат префрлени на други траекти за (одново) да ја започнат пловидбата кон нивните дестинации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img