Повеќе од 1.100 лекари од Германија се пријавиле за работа во Украина и во соседните земји, соопшти Државната лекарска комора.
Лекарите се пријавиле онлајн за лекување на ранети и болни во Украина, соопшти комората.
„Оваа бројка покажува колкава солидарност има лекарската професија со народот на Украина. „Работата таму може да биде опасна по живот“, рече претседателот на Комората Клаус Рајнхарт.
Тој додаде дека комората разговара со германското Министерство за надворешни работи, Министерството за здравство и амбасадите на Украина и соседните земји за тоа каде можат да работат лекарите.
„Штом германската влада побара персонал за меѓународни хуманитарни мисии, комората ќе може да распореди лекари таму каде што се потребни“, посочи Рајнхарт.