More

    Поведена постапка против двајца полицајци од ГП Долно Блаце

    spot_img

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава и достави предлог за утврдување дисциплинска одговорност против двајца полициски службеници од ПС за ГП Долно Блаце кои постапиле спротивно на законите и со тоа го нарушиле угледот на МВР.

    „Имено, првопријавениот М.И – полициски службеник од полициската станица за граничен премин Долно Блаце во два наврати во системот за контрола на патници евидентирал лица – турски државјани кои не оствариле влез на граничниот премин и воопшто не биле присутни на граничниот премин“, пишува министерот Тошковски.

    Како што додава Тошковски дополнително, второпријавениот К.С. како раководител на смена пропуштил да изврши должен надзор врз работата на првопријавениот и со тоа им овозможиле на турските државјани да го регулираат престојот во Македонија и покрај тоа што како странци го надминале дозволениот период за престој во државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img